298
Рускиот претседател Владимир Путин денеска, обраќајќи им се на припадниците на единиците кои учествуваа во настаните во саботата, кога шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин започна бунт и се упати кон Москва, изјави дека тие „запреле граѓанска војна“.
Обраќајќи им се на единиците на министерството за одбрана, Руската гарда, ФСБ, министерството за внатрешни работи и ФСО, во Кремљ, Путин истакна дека „вистинските бранители во тешки времиња застанаа на патот на немирите, чиј резултат би бил хаос“.
„Вие всушност запревте граѓанска војна, постапивте јасно и сложено“, рече Путин, пренесува РИА Новости.