Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин во традиционалната веќе “Директна линија” – медиа-маратон на прашања и одговори во директен airplay, пренесува ИТАР-ТАСС.

  Рускиот претседател ги опиша како “чудна” одлуката на Коми да го сними тајно својот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп и потоа, преку свој пријател, да го предаде на медиумите.
Според Путин во случајот Коми дејствувал ” не како шеф на тајни служби, туку како заштитник на човековите права, кој штити одредена позиција “, по што саркастично додава дека ако Коми биде изложен на прогон, Русија е подготвена да му понуди азил.

” Тој треба да знае тоа “, посочи во типичен стил рускиот претседател. По повод истрагата за евентуална руска интервенција во претседателските избори во САД во 2016 година Путин повторно изјави дека во сведочење пред комисијата на сенатот за разузнавање Коми не доставил никакви докази за таква интервенција.

  Според него Русија не го  гледа САД како непријател. Путин ја потврди руската дипломатска теза дека поттикна меѓу Американците антируски хистерија кја е плод на внатрешните борби меѓу американското раководство. Според него на овие борби се должи и вчерашната одлука на Сенатот во Вашингтон за наметнување на нови санкции против Москва поради нејзиното мешањето во изборите.

На “директната линија” Владимир Путин изјави дека Русија и нејзините граѓани сакаат односите со САД и Американците да се нормализираат, но и го обвини Вашингтон дека се меша секаде во светот.