Путин: Европа очекувано се грчи во бегалска криза koja ja предизвика САД

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека кризата со мигрантите во Европа е резултат на погрешната политика на Западот во муслиманскиот свет и била целосно очекувана, пренесоа агенциите. “Сметам дека тоа е една сосема очекувана криза. Ние во Русија, а особено јас , вели дека ќе имаme  големи  проблеми, ако нашите таканаречени западни партнери водат таква погрешна политика, особено надворешна политика, во регионите на муслиманскиот свет, во регионите на Блискиот Исток и Северна Африка.  A тие продолжуваат да водат таква политика “, изјави Путин пред новинарите во Владивосток.

20150904.ciwjhbeeqb

“За каква политика станува збор? Станува збор за наметнување на сопствените стандарди, без да се земат предвид историските, религиозните, националните, културните особености на овие региони. Ова е првенствено политика на нашите американски партнери”, додаде тој .

Путин изјави дека е изненаден од тоа што американските медиуми ја критикуваат Европа за суров однос кон мигрантите, откако САД се оние кои го предизвикале овој проблем. “Јас со чудење гледам како некои американски средства за јавно информирање ја критикуваат Европа за вишокот според нив суровост кон мигрантите “, рече Путин. Тој истакна дека САД не се толку натоварени од миграциски прилив, а Европа.страда многу тешко, поради тоа што според него  “слепо ги следи американските упатства”.