Рускиот претседател Владимир Путин ги потпиша федералните уставни закони за прием на новите територии во Русија и формирање на нови субјекти на Федерацијата.
Луганската и Доњецката Народна Република, Запорожје и Херсонската област влегоа во состав на Русија.
Да потсетиме, Путин на 30 септември потпиша договор со лидерите на овие територии за нивен прием во Федерацијата, а Уставниот суд ги призна тие договори како во согласност со Основниот закон.
Владимир Путин потпиша договор за анексија на окупираните територии и вети дека Русија никогаш нема да ги предаде и ќе ги брани со сите можни средства.
Во договорите се наведува дека „границите на регионите ДНР, ЛНР, Херсон и Запорожје, кои се наоѓаат во близина на територијата на други земји, ја претставуваат државната граница на Русија“.