Путин го одобри буџетот на Русија – 25 отсто зголемување за армијата

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин го одобри буџетот на Руската Федерација за периодот од 2025 до 2027 година, кој главно е фокусиран на издвојувањата за војската, објавено е денеска на официјалната веб-страница за објавување на руски правни акти.

Рускиот државен буџет за следната година вклучува зголемување од 25 отсто за одбраната.

Руската влада го претстави нацрт-буџетот како „урамнотежен“, при што проектираниот дефицит падна на 0,5 отсто во однос на годинешниот, кој беше проектиран да биде 1,7 отсто, пренесе РИА Новости.

Исто така, се предвидува дека државниот долг на Русија ќе остане под границата од 20 проценти во следните три години.

Руската влада соопшти дека приоритет на буџетот останува финансирањето на „специјалната воена операција“ во Украина и поддршката на војската, заедно со технолошкиот развој и социјалните потреби.

Слични содржини