Рускиот претседател Владимир Путин со декрет го разрешил Сергеј Баздникин од должноста амбасадор во Македонија, пренесува ТАСС.
Документот е објавен на рускиот Портал за правни акти.
„Го разрешувам Сергеј Александрович Баздникин од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија“, стои во уредбата на Руската федерација.
Баздникин (58) е амбасадор на Русија во Македонија од 2018 година.