340
Претседателот на Русија Владимир Путин денеска го именуваше поранешниот министер за одбрана Сергеј Шојгу за секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација, соопшти прес-службата на Кремљ.
Во соопштението се наведува дека Путин го потпишал Указот за назначување на Шојгу на таа позиција, пренесува Интерфакс.
Путин го разреши и Николај Патрушев од функцијата секретар на Советот за безбедност на Русија поради „неговото префрлање на друго работно место“.