Путин: Хакерите кои му помогнаа на Трамп може и да се од US, ама тие ја фрлаат вина врз Русија

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Хилари Клинтон изјави дека ширењето негативни и лажни вести за неа од страна на интернет портали од Македонија влијаело на нејзиниот пораз на изборите во ноември.Таа базата од каде се тргнло ја посочи Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека зад обидите за мешање во американските претседателски избори може да стојат американски хакери кои се обидуваат даја  фрлат вината на други политички чинители, пренесува “Ројтерс”.

Според американските специјални служби Русија се обидела да интервенира во американските избори преку хакерски напади против Демократската партија, за да влијае врз гласови во корист се Доналд Трамп, обвинение што Кремљ постојано го негира.

Во интервју за NBC Путин коментирал дека хакери во САД може да направат така што да се чини дека Русија стои зад нападот.

“Хакери можам да бидат насекаде. Може да се во Русија, во Азија … дури и во Америка, во Латинска Америка”, истакнал рускиот претседател, додавајќи: “Тие можат да бидат дури и хакери, меѓу другото, во САД, кои многу вешто и професионално, ја префрлаат вината, како што велиме кон Русија. ”

“Можете ли да замислите нешто слично? Во екот на политичката битка. Според некои пресметки, за нив било погодно да  се шири оваа информација, па тие ја проширија, посоќивајќи ја Русија. Можете ли да замислите нешто слично? Јас можам”, истакнал Путин.

Хилари Клинтон ги обвини македонските портали за нејзиниот изборен пораз

Говорејќи за време на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Путин истакна дека обвиненијата за хакерски напади од  Русија не биле нешто повеќе од “штетни озборувања” и сите докази, цитирани од американските специјални служби, лесно би можеле да бидат фалсификувани.

Поразената Хилари Клинтон изјави дека ширењето негативни и лажни вести за неа од страна на интернет портали од Македонија влијаело на нејзиниот пораз на изборите во ноември.Таа базата од каде се тргнло ја посочи Русија.