Путин и Бајден разговарале по телефон за хакерите и Сирија

од Nikola Popovski

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот лидер Џозеф Бајден разговарале на телефон, објави Белата куќа. Темите на разговор биле сајбер безбедноста и Сирија.

Американскиот лидер објави дека Вашингтон ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ги заштити своите луѓе и инфраструктурата од сајбер закани и побара од Русија да спречи активности на хакери на нејзина територија.

„Претседателот (Џо Бајден) јасно стави до знаење дека претседателот (Владимир) Путин треба да преземе чекори за да ја спречи работата на хакерските групи. Знаеме дека (хакерите) REVil работат во Русија и во други земји. Немаме други информации или нови информации дека руската влада ги насочи овие напади“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Покрај тоа, Путин и Бајден ја пофалија работата на тимовите на двете земји за Сирија, по самитот на Русија и САД во Женева, што резултираше со усвојување на резолуција за продолжување на прекуграничната хуманитарна помош за Сирија.

Во соопштението на Кремљ се наведува дека двајцата лидери ја нагласиле потребата од конструктивна соработка во областа на сајбер безбедноста и продолжување на контактите во таа насока. Путин му рекол на Бајден дека, без оглед на подготвеноста на Русија за соработка во областа на сајбер безбедноста, веќе еден месец не пристигнало никакво обраќање од САД.

Слични содржини