Путин и Ердоган го покренаа прашањето за размена на затвореници меѓу Русија и Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, денеска во телефонски разговор го покренале прашањето за размена на заробеници меѓу Русија и Украина, пред се повредени, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Кремљ.

Во соопштението се наведува дека Путин го свртел вниманието на „деструктивната линија на Киев, која се потпира на интензивирање на непријателствата со поддршка на западните спонзори“, кои, како што навел, го зголемуваат обемот на пренесено оружје и воена опрема.

Се додава дека пример за „лицемерната политика на Киев“ било отфрлањето на предлогот за прекин на огнот за време на православниот Божиќ, пренесува РИА Новости.

Слични содржини