Путин и Ердоган на 4 септември на средба во Сочи

од Stefanija Kuzmanovska
158 прегледи

Претстојната средба меѓу турскиот и рускиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин треба да се одржи на 4 септември во Сочи, јави ТАСС повикувајќи се на неименуван дипломатски извор.

Весникот „Милиџет“ претходно денеска објави дека турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во септември ќе ја посети Москва за да разговара за обновување на договорот за извоз на жито.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно овој месец изјави дека локацијата и точниот датум на средбата меѓу двајцата претседатели ќе бидат договорени преку дипломатски канали, откако рече дека тоа нужно нема да биде во Турција.

Слични содржини