Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, изрази надеж дека односите на Турција со Русија ќе останат исти и во иднина и најави дека испораката на вакцини против КОВИД-19 ќе започне во понеделник.
– Тоа се однесува на сите области, од воени и дипломатски, до културни и економски прашања. Ако го погледнеме обемот на нашата заедничка трговија, се движиме кон нашите цели со иста решителност и верувам дека така ќе биде и во иднина – изјавил Ердоган пред новинарите.
На прашањето како ја коментира неодамнешната изјава на рускиот претседател Владимир Путин во која тој рече дека турскиот претседател е „човек со збор“ и дека неговиот збор е закон, Ердоган рече дека тоа се зборови што можат да го опишат и рускиот претседател.
– Уште кога го запознав господинот Путин, можам да го опишам точно таков. Тој е навистина човек со збор, ги одржува ветувањата. Ретко е дека билатералните односи со други земји можат да се одржат на ова ниво. Се надевам дека нашите односи што ги имавме досега ќе продолжат на овој начин и во иднина – потенцираше Ердоган.
Тој исто така посочи дека испораката на вакцини против КОВИД-19 ќе започне во понеделник во Турција.