Енергетската соработка меѓу Русија и Кина се проширува и руската економија е во состојба да одговори на зголемената побарувачка на Кина за енергија, како според веќе потпишаните договори, така и оние кои во моментов се во процес на координација, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорот со кинеската делегација во проширен состав, пренесе агенцијата РИА Новости.
„Соработката во енергетиката се проширува. Русија е стратешки снабдувач на нафта, природен гас, вклучително и течен природен гас (LNG), јаглен и електрична енергија за Кина. Нуклеарните енергетски капацитети се градат според планот“, рече Путин.
Тој додаде дека вкупниот обем на испораки на гас до 2030 година ќе биде најмалку 98 милијарди кубни метри, „плус 100 милиони тони течен природен гас“.