Путин и Зеленски би се сретнале за најмногу две седмици. Но каде? Будимпешта, Рим, Женева?

од desk2
12 прегледи

Лична средба меѓу претседателите на Украина, Володимир Зеленски, и на Русија, Владимир Путин, во врска со прекин на војнaта во Украина, може да се одржи во Будимпешта, јави Ројтерс, повикувајќи се на високопоставен претставвник на администрацијата на САД.

„Преговорите би можеле да се одвијат во рамките на следните две седмици“, нагласи германскиот канцелар Фридрих Мерц.

„Дали рускиот претседател ќе има смелост да присуствува на таква средба – не знаеме“, рече Мерц, одговарајќи на прашањата на новинарите вчера, по средбата меѓу врвот на САД, ЕУ, НАТО и Украина, вчера во Белата куќа во Вашингтон.

Според германскиот премиер, т.е. Канцелар, во паузите на средбите во Белата куќа вчера, претседателот на САД, Доналд Трамп, разговарал телефонски со рускиот колега Влаидмир Путин и се договорил дека во следните две седмици ќе има средба меѓу Путин и Зеленски.

Во контекстот, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека преговорите меѓу лидерите на Украина и Русија би требало да се одржат во Швајцарија, како неутрална земја.

И италијанската премиерка Џорџија Мелони го предложила Рим како место за самитот Русија-Украина.

„Зеленски и Трамп го претпочитаат Рим, особено Ватикан, но Путин ја претпочита Женева“, вели неименуваниот соговорник.

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде на мировни преговори

Всушност, Путин првин ја предложил Москва, но Зеленски веднаш тоа го отфрлил категорички.

Слични содржини