Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека испораката на американските ракети „Томахавк“ во Киев би ги уништила позитивните трендови што се појавија во односите меѓу Русија и САД.
„Имаше прашања поврзани, на пример, со дискусијата за проблемите со испораката на нови системи за оружје, вклучувајќи ги и системите „Томахавк“ со долг дострел и висока прецизност и така натаму. Веќе реков дека ова ќе доведе до уништување на нашите односи, барем на позитивните трендови што се појавија во овие односи“, рече Путин во интервју за новинарот на телевизијата „Росија 1“, Павел Зарубин, пренесува РИА Новости.
Путин претходно изјави дека доколку Киев употреби ракети „Томахавк“, тоа би ги оштетило односите меѓу Русија и САД.