236
Рускиот претседател Владимир Путин ја префрли специјалната единица Гром на министерството за внатрешни работи под надлежност на руската национална гарда – Росгвардија.
Тој потег треба да овозможи специјалните сили од единицата Гром да бидат префрлени на првите линии во Украина, изјави Александар Хинштајн, пратеник во рускиот парламент од партијата на Путин, Обединета Русија.
Рускиот претседател одлучи да го повлече потегот само неколку недели по средбата со раководството и персоналот на министерството за одбрана, Руската национална гарда, ФСБ и министерството за внатрешни работи и по обидот за државен удар на платеничката група „Вагнер“.