САД, особено по распадот на СССР, почнаа да зборуваат за својата ексклузивност, понижувајќи го целиот свет и неговите сателити кои треба сето тоа да го проголтаат. Ние сме друга земја, со различен карактер, изјави денеска Владимир Путин, додавајќи дека никогаш нема да се откаже од религијата и татковината. Тој го обвини Западот за морална деградација, што, како што вели, доведе до русофобија.
Путин потоа продолжи да зборува за војната во Украина. Тој им се заблагодари на сите војници, лекари и медицински сестри кои ги лекуваат ранетите.
„Тука рамо до рамо стојат војници и офицери од различни региони, дури и оние кои пристигнаа директно од Донбас. Се сеќаваме како непријателите на Русија се обидоа да испратат меѓународни банди терористи против нас, да не поделат одвнатре. Ништо не им успеа, нашите војници се покриваат како браќа. Тоа е силата на нашиот мултиетнички народ“, рече тој.
Тој додаде дека денеска го штитат она за што се бореле нивните дедовци и прадедовци.
„За нас, нивните наследници, лојалноста кон татковината е највисока вредност. Ние ја штитиме независноста на Русија. Тие што го победија нацизмот, ние како генерација, секогаш ќе ги следиме. Слава на нашата армија, за победа, ура“, извикал Путин и го завршил говорот.