211
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е важно да се евакуираат жителите на Херсон од најзагрозените области.
Путин рече дека е потребна евакуација од најопасните зони за цивилите да избегнат бомбардирања и останати воени активности.
Рускиот претседател претходно положи цвеќе, заедно со членови на младински и волонтерски организации, на споменикот на Кузма Минин и Дмитриј Пожарски на Црвениот плоштад во Москва по повод прославата на Денот на единството.