Путин изгледа сѐ порешителен да добие сѐ

Според три извори блиски до Кремљ, Путин би можел дополнително да ги зголеми територијалните очекувања ако руските сили продолжат да напредуваат на терен во Украина.

од desk2
37 прегледи

Во Украина продолжија жестоките руски воздушни напади на повеќе места на целата територија на земјата, при што најмалку две лица го загубија животот, соопшти украинските власти. Во меѓувреме, како што известува агенцијата Ројтерс, рускиот претседател Владимир Путин планира да ја продолжи војната во Украина сѐ додека Западот не се согласи на мировни преговори подд руски услови.

Според три извори блиски до Кремљ, Путин би можел дополнително да ги зголеми територијалните очекувања ако руските сили продолжат да напредуваат на терен во Украина.

Според истите извори, Путин не е импресиониран со најавите за нови санкции од претседателот на САД, Доналд Трамп и смета дека Русија е пдоготвена да го издржи дополнителниот притисок преку зајакнувањето на војската и отпорноста на економијата. Исто така верува дека Запад досега не покажал сериозна волја за мировни преговори.

Рускиот водач, според наводите на Ројтерс, бара правно обврзувачки гаранции за повлекување на НАТО од Исток, неутрален статус на Украина, ограничување на нејзините вооружени сили и меѓународно признавање на освоените руски територии, вклучувајќи ги Крим, Доњецк, Луганс, Запорижје и Херсон.

Од Кремљ велат дека засега не постојат цврсти темели за мир, туку само нејзасни дипломатски контакти, иако Путин и Трамп неколкупати разговараа по телефон.

Во последните три месеци, руските сили презеле дополнителни 1.415 кв.км Украинска територија. Во случај на ослабување на украинските сили, Москва офанзивата би можела да ја прошири офанзивата на Дњепропетровската, Сумската и Харкивската област.

Слични содржини