Путин ја фрли „ракавицата кон целиот свет“: Треба да размислуваме за повоената реконструкција на Сирија

од desk4
94 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека светската заедница веќе треба да размислува за повоената реконструкција на Сирија, објавија светските медиуми.

Светската заедница веќе треба да размислува за повоената обнова на државата, за тоа како, во какви форми и обем да се даде помош на Сирија, како ефикасно да се придонесе за нејзиното социо – економски развој и зајакнување на државните институции, во т.н. законодавната поделба на власта , рече Путин.

Тој истакна дека овие задачи се вредни за дискусија на парламентарни и меѓупарламентарни нивоа. Рускиот претседател потсети дека во Астана се направени подготовки за создавање на четири зони за деескалација во Сирија.

Според него, тие создаваат услови за исполнувањето на резолуциите на Советот за безбедност на ОН №2254 врз основа на директен дијалог меѓу владата и опозицијата, а исто така за обединување на напорите во интерес на скорото ликвидирање на терористите, воспоставување на мир и зачувување на единството на Сирија.