Путин ја загуби и позицијата во Меѓународната џудо федерација

од Vladimir Zorba
301 прегледи

Меѓународната џудо федерација (IJF) одлучи да ги смени претседателот на Русија Владимир Путин и првиот потпретседател на Руската џудо федерација Аркадиј Ротенберг од сите функции во организацијата, соопшти денеска прес-службата на IJF.

Федерацијата претходно му ги суспендираше овластувањата на Путин како почесен претседател и амбасадор на федерацијата, пренесе Интерфакс.

Исто така, беше објавено дека Меѓународната џудо федерација ги откажа сите натпревари во џудо во Руската Федерација.