Путин кажа како ќе се развива Русија до 2030 година

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за целите на националниот развој на земјата до 2030 година, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.

Целите за развој се да се зголеми бројот на жители во земјата, да се подигне животниот стандард на луѓето, да се создадат добри услови за нивниот живот, како и да се оживее талентот на секоја личност, се наведува во документот, пренесува ТАСС.