Путин ќе формира истражна комисија поради Навални

од Vladimir Zorba
253 прегледи

Премиерот на Италија, Џузепе Конте, во интервју за весникот „Фолјо“ изјави дека рускиот лидер, Владимир Путин, го известил дека има намера да формира комисија што ќе го истражува инцидентот со Алексеј Навални.

„Претседателот Путин ми рече дека ќе формира истражна комисија и рече дека е подготвен да соработува со германските власти. Соработката е најдобриот начин да се спречат овие драматични настани да влијаат негативно на односите меѓу ЕУ и Русија“, рече италијанскиот премиер.

Според него, позицијата на Германија за ситуацијата со Навални се совпаѓа со европската и италијанската позиција.

„Неопходно е целосно расветлување на настанот, да се пронајдат одговорните за толкав сериозен напад врз еден од претставниците на опозицијата“, рече Конте.

На 2 септември германската влада, повикувајќи се на лабораторијата во Бундесверот, објави дека рускиот опозиционер Навални е затруен со супстанца од групата хемиски воени отрови „новикок“.

Руската страна ги негира овие обвинувања и бара конкретни податоци од болницата во која се лекува Навални.

Слични содржини