Путин ќе ги посети Крим и Севастопол

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе ги посети Крим и Севастопол, соопшти прес-службата на Кремљ.

-Шефот на државата ќе учествува на отворањето на термоелектраните „Балаклавскаја” и „Таврическаја “, како и пристанишната трафостаница
во Таман преку видео врска, се вели во соопштението.

Се наведува дека во градот Севастопол, град со посебен статус на полуостровот Крим, рускиот претседател ќе го посети меморијалниот комплекс посветен на опсадата на тој град од 1854-1855 година и Малах Курган од 1944 година.

Путин во Симферопол ќе се состане со граѓаните на Крим и Севастопол и ќе присуствува на церемонијални настани посветени на одбележувањето на петтата годишнина од референдумот за повторно обединување со Русија, кој се одржа во 2014 година.

Слични содржини