Путин: Ќе ги прекинеме воените операции само ако Украина престане да се бори

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на својот турски колега Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор дека Русија ќе ги прекине своите воени операции само ако Украина престане со борбите и ако барањата на Москва бидат прифатени, соопшти Кремљ.

Русија инсистира дека нејзината инвазија на Украина од копно, воздух и море е специјална воена операција, за која Путин тврди, без никакви докази, е неопходна за „денацификација“ на земјата, пишува Би-Би-Си.

Рускиот лидер повтори дека рускиот напад се одвива според планот и распоредот.

Слични изјави имаше и претходните денови и покрај проценките на западните аналитичари дека руската воена кампања напредува полошо од очекуваното.

Според соопштението на Кремљ, Путин рече дека се надева оти украинските преговарачи ќе заземат поконструктивен став.