Путин: Киев, фрлајќи ги луѓето во офанзива, се однесува како тоа да не е негов народ

од Stefanija Kuzmanovska
334 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека украинските власти фрлајќи го својот народ во „офанзива“, се однесуваат како тоа да не е нивен народ.

„Понекогаш гледам што прави другата страна – Имам впечаток дека луѓето кои ги туркаат напред во минските полиња воопшто не се нивни… Тие се однесуваат како воопшто да не се нивни граѓани. Неверојатно. Но, тоа се нивни работи, нивни проблеми“, рече Путин на средбата со вршителот на должноста шеф на самопрогласената Луганска народна република, Леонид Пашечник.

Претседателот на Русија додаде дека ситуацијата на линијата на фронтот сега е стабилна, пренесува РИА Новости.

Слични содржини