Путин кон Русите: Бидете паметни за да избегнеме рестриктивни мерки

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека борбата против коронавирусот не е завршена, затоа е потребно сите граѓани да бидат многу внимателни и одговорни не само за себе, туку и за оние околу нив.

„Морам повторно да истакнам, борбата против епидемијата не е завршена, таа продолжува. Не смееме да се релаксираме. Сакам да им се обратам на сите наши граѓани – ризикот од инфекција е огромен, ве молиме да бидете одговорни за сите наши граѓани“, рече тој.

Во исто време, Путин апелираше до граѓаните да ги почитуваат сите совети на лекарите со цел да се зачува здравјето на целата нација, но и да се избегне повторно воведување на рестриктивни мерки.

„Знаеме многу повеќе за оваа опасна болест денес отколку што знаевме тогаш. Ние знаеме како да се однесуваме, какви мерки треба да воведеме. Сè зависи само од напорите на граѓаните во борбата против ширењето на инфекцијата“, нагласи Путин.

Рускиот претседател исто така рече дека е исклучително важно да се избегне повторно воведување на ограничувачки мерки затоа што сите се добро свесни за негативните ефекти што ги има врз економијата.