Луѓето во Доњецката и Луганската народна република, Запорожје и Керсонската област долги години се борат за правото да бидат со Русија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
„Долги години тие живееја во апсолутно различни услови на регионалните и општинските власти, кои не се слични на руските“, рече Путин на седницата на Советот за локална самоуправа.
Рускиот претседател рече дека општините треба да ги знаат потребите на секое семејство учесници во „специјалната воена операција“ и да им пружат вистинска помош, пренесе РИА Новости.
Глобалниот тренд кон мултиполарност на светот само ќе зајакне, а оние што не го сакаат неизбежно ќе загубат, изјави денеска претседателот на Русија на седницата на Советот за развој на локалната самоуправа.
„Овој тренд – трендот на мултиполарност во светот – е неизбежен. Тој само ќе се засили. А оние кои не го разбираат и не го следат ќе изгубат. Тоа е апсолутно очигледен факт. Очигледно е како изгрејсонцето и ништо не може да се направи околу тоа“, рече Путин.
Според него, оние кои ќе се обидат да го ослабат овој тренд само ќе се соочат со дополнителни проблеми, а веќе имаат доволно тешкотии.