Русија нема да ѕвечи со оружје, но Турција нема да се извлече само со доматите. Тоа го изјави рускиот претседател Владимир Путин, кој се обрати со годишна порака пред Федералното собрание.
“Нема да чекаат од нас нервозна, хистерична, опасна и за нас самите и за целиот свет реакција. Реакција која можеби извршува некакви надворешни ефекти или можеби дури моментално внатрешнополитичко зајакнување”, истакна тој.
“Тоа нема да се случи. Во основата на нашите активности ќе стои одговорноста пред нашата земја и народ. Ние не планираме и нема да ѕвечкаме со оружје”, рече Путин. “Но ако некои мислат дека, извршувајќи подло воено злосторство – убиството на нашите луѓе, дека ќе се извлечат со какви било домати или било какви ограничувања во градежништвото или други сектори, тогаш тие длабоко грешат”, увери господарот на Кремљ.
“Ние постојано ќе ги потсетаме што направиле и тие уште многу пати ќе зажалат за стореното. Ние знаеме што треба да се направи”, истакна Путин, цитиран од агенциите. Рускиот претседател ја обвини Анкара за поддршка за терористите, но го смета турскиот народ за пријателски. “Ние знаеме кој си ги полни џебовите во Турција и им овозможува на терористите да заработуваат”, рече тој.
Според него токму со овие пари “бандити врбуваат платеници, купуваат оружје, организираат нечовечки терористички напади насочени против нашите граѓани, граѓаните на Франција, Либан, Мали и други земји”. “Аллах одлучи да ги казни владејачките структури во Турција, лишувајќи ги од разум”, категоричен е Владимир Путин.
Рускиот претседател потсети дека токму во Турција се криеле и добивале морална и материјална помош борците кои војувале во Северен Кавказ во 90-тите години, а потоа во почетокот на 21 век.
“И денес тие се уште можат да бидат забележани таму”, истакна Путин. “Во исто време, турскиот народ е добар, работливост и талентиран. Во Турција имаме многу стар и сигурен пријатели. И нагласувам дека ние не поставуваме знак за еднаквост меѓу нив и дел од денешната владејачка врхушка која носи директна одговорност за загинувањето на нашите војници во Сирија “, рече господарот на Кремљ.
“Ние нема да заборавиме на оваа поддршка за терористите”, вети Путин. “Секогаш сме мислеле и ќе продолжиме даг о сметаме предавството за најдолното дело. Нека го знаат тоа и во Турција оние кои пукаа во грбот на нашите пилоти кои лицемерно се обидуваат да се оправдаат себеси, своите активности и да ги прикриваат злосторствата на терористите “, рече рускиот претседател.
“Нашата армија, служби за безбедност и за спроведување на законот се мобилизирани за борба против терористичката закана. Но сите треба да се разбере нивната одговорност: власта, политичките партии, структурите на граѓанското општество, медиумите. Моќта на Русија е во слободниот развој на сите народи, различноста, хармонијата на културите, јазиците и традицијата, во меѓусебното почитување, во дијалогот – и на православни христијани, и на муслимани, и на следбениците на јудаизмот и будизмот “, продложи Путин.
“Ние сме должни цврсто да се бориме со сите манифестации на екстремизам и ксенофобија, да ги чуваме меѓунационалните и меѓурелигиски согласности. Ова е историска основа на нашето општество и руската државност “, изјави рускиот претседател.
На 24 ноември турските воздухопловни сили го соборија руски фронтовски бомбардер Су-24 крај турско-сириската граница. Со овој чин на Анкара, за кој одговорноста ја презеде премиерот Ахмет Давутоглу, ги минимизираше односите со Москва во најниската точка. Руската влада презеде вонредни мерки и санкции, кои го погодија увозот на турски овошје и зеленчук, туристичките патувања на Русите за Турција и градежниот бизнис. За моментов надворшените санкциите ги опфаќаат заедничките енергетски проекти, но многу експерти веќе изразуваат сомнеж дека гасоводот “Турски поток” ќе биде реализиран, како што се планираше порано. Русија, исто така, ја обвини Турција дека купува поевтина нафта од терористичката организација “Исламска држава” и дека оваа трговија се контролира од блиски до претседателот на земјата Реџеп Таип Ердоган.
