Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сакал да го дознае ставот  на украинскиот претседател Володимир Зеленски за конфликтот во источна Украина , објави Ројтерс.

Путин им изјавил на новинарите во Пекинг дека ќе мора да разговара за начините за ставање крај на конфликтот со Зеленски и дека луѓето  се уморни од овој конфликт .

Путин  за дугите конфликти објасни дека Русија ќе работи со сириската опозиција за финализирање на составот на уставен комитет , дел од напорите за обезбедување на политичко решение на конфликтот .

Русија помогна на силите, лојални на сирискиот претседател Асад, да го врати поголемиот дел од земјата во осумгодишната војна, но судирите продолжуваат.

   Во понатамошните коментари, Путин рече дека истрагата за контаминираната руска нафта треба да се спроведе со помош на агенциите за спроведување на законот . Полска, Германија, Украина и некои други земји престанаа да увезуваат руска нафта преку нафтоводот Дружба оваа недела поради загадувањето.

Русија планира да ја врати нафтата преку гасоводот во Европа во рок од две недели .

Тој, исто така, коментираше дека не слушнал никакви сигнали од членовите на ОПЕК  за можноста од напуштање на договорот за намалување на производството на нафта , додавајќи дека ова е малку веројатно .