Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека најверојатно ќе отиде во изолација бидејќи луѓето во неговата најблиска средина биле позитивни на коронавирусот.
На средбата со параолимписките спортисти, Путин рече дека „дури и во неговата потесна околина луѓето имаат проблеми со коронавирусот“ и нагласи дека е неопходно да се разбере што всушност се случува.
„Можеби наскоро ќе треба да се изолирам, многу луѓе се болни“, рече Путин.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека „се уште нема промени“ во врска со распоредот на Путин.