Путин му порача на Ердоган: Киев да го прифати губењето на териториите, Москва е отворена за дијалог

од Radmila Tasevska
214 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денес му порача на турскиот колега Реџеп Таип Ердоган дека Москва е отворена за дијалог за Украина, но дека Киев ќе мора да прифати губење на територии на кои Русија има право, соопшти денес Кремљ.

„Владимир Путин ја потврди отвореноста на Русија за сериозен дијалог, под услов властите во Киев да ги исполнат добро познатите и постојано изнесени барања и да ја земат предвид новата реалност во врска со териториите“, се вели во соопштението на Кремљ, пренесе Ројтерс.

Според извештаите, Путин ја повторил и „деструктивната улога на Западот, кој го снабдува Киев со оружје, информации и насоки“.

Слични содржини