213
Рускиот претседател Владимир Путин денеска во разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон потврди дека Русија е подготвена да им ја даде потребната помош на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за време на нивната посета на нуклеарната централа Запорожје, соопшти денеска Кремљ.
„Руската страна ја потврди подготвеноста на инспекторите на Агенцијата да им ја обезбеди потребната помош“, се вели во соопштението, пренесува РИА Новости.
Се наведува дека разговорот бил воден на иницијатива на француската страна и дека двајцата лидери ја истакнале важноста мисијата на МААЕ што поскоро да оди во нуклеарната централа Запорожје.