Путин на средба со безбедносните служби по обраќањето до нацијата, се разгледувало што се случило во саботата

од Nikola Popovski
517 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин доцна синоќа одржал средба со шефовите на руските безбедносни служби, јавуваат руските медиуми.

Се вели дека на состанокот присуствувал и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин побарал Шојгу да биде сменет пред да маршира во Москва во сабота, јавува Би-Би-Си.

Путин им се заблагодари на безбедносните служби за нивната работа. Тој предложил безбедносните службеници да ја анализираат ситуацијата што се случила во саботата.

„Ве собрав да ви се заблагодарам за сработеното во изминатите неколку дена“, рекол рускиот претседател отворајќи ја седницата.

„Ќе разговараме и за задачите кои ни претстојат како резултат на анализата на настаните што се случија во земјата“, додал Путин.

Покрај Шојгу, на состанокот присуствувале и јавниот обвинител Игор Краснов, шефот на администрацијата на Кремљ Антон Вајно, министерот за внатрешни работи на Русија Владимир Колоколцев, директорот на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија Александар Бортников, шефот на Росгардата Виктор Золотов, шефот на Федералната служба за одбрана на Русија (ФСО) Дмитриј Кочниев и шефот на истражниот комитет Александар Бастрикин, пренесува „Спутник“.

Во текот на ноќта на 24 јуни во Ростов на Дон силите на „Вагнер“ го окупираа штабот на Јужниот воен округ, по изјавата на Евгениј Пригожин дека руската авијација извршила напади врз камповите на таа воена група. Министерството за одбрана на Русија и Федералната служба за безбедност на Русија ги отфрлија овие наводи.

Фото: Валерий Шарифулин, ТАСС

Слични содржини