Путин најави крај на мобилизацијата

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека делумната мобилизација во земјата ќе биде завршена за две недели, пренесува ТАСС.

Тој, исто така, рече дека нема планови за дополнителна воена мобилизација во Русија.

„Оваа работа веќе се завршува. Сега 222.000 луѓе од 300.000 се мобилизирани во формациските трупи. Мислам дека сите мобилизациски активности ќе бидат завршени за околу две недели“, рече шефот на државата.

Слични содржини