Путин: Нападот на Украина со дронови врз цивилни објекти е терористички акт

од Vladimir Zorba
553 прегледи

Нападот со украински беспилотни летала врз цивилни објекти во Москва е терористички акт, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Тој додаде дека нападот на цивилни објекти ги потврдува методите што ги користи Киев и посочи дека загрижувачки се обидите да се предизвика реакција на Русија и нејзиниот одговор и дека граѓаните на Украина треба да го разберат тоа, пренесува РИА.

„Ние не ја започнавме оваа војна во 2014 година, туку режимот во Киев ја започна војната во Донбас. И не ги користиме средствата што ги користат украинските големи играчи. Друга потврда за тоа е нападот врз цивилни објекти во Москва“, рече Путин.