Путин нареди преместување на икона – патријархот воодушевен, историчарите загрижени

од Nikola Popovski
304 прегледи

Црквата на Христос Спасителот во Москва одекнува со православни песни и молитви. Полна е со верници на еден од најголемите православни празници: Духовден Но, многумина дојдоа да го видат изложеното ремек-дело – православна икона стара 600 години, една од најскапоцените во Русија, за која се верува дека е насликана од средновековниот уметник Андреј Рубљов. Уметничкото дело е познато како Света Троица.

Оваа слика е цел век во државниот музеј, Московската Третјаковска галерија. Контролите на температурата и влажноста, заедно со тимовите од реставратори, помогнаа да се заштити и зачува ова уметничко дело.

Но, како што пишува Би-Би-Си, Кремљ неодамна наредил иконата да биде пренесена во Руската православна црква. Поглаварот на црквата, патријархот Кирил, не го криел својот ентузијазам.

„Оваа икона се враќа во црквата во време кога нашата татковина се соочува со големи непријателски сили. Се враќа за да можеме да го молиме Бога да и помогне на нашата земја и да се молиме за нашиот православен претседател Владимир Путин, чија одлука беше да ја врати иконата“, рекол тој минатиот викенд.

Сепак, пренесувањето на иконата предизвика контроверзии.

Еден од најпознатите руски историчари на уметност, Лев Лифшиц, е дел од групата експерти кои советуваа да не се преместува иконата од галеријата Третјаков, предупредувајќи дека пренесувањето може да доведе до голема штета.

„Оваа одлука беше нечиј личен каприц. Советот за реставрација (на галеријата Третјаков) беше категорично против тоа. Додека иконата беше во музејот, со тимот на реставратори, беше како човек на интензивна нега. Беше под деноноќен надзор и најсовремена опрема. Ова е политичка одлука. Оние што се тука на власт гледаат кон небо и се надеваат на помош одозгора“, смета експертот.

Или, во текстот се наведува, во најмала рака, помошта на Црквата да ја одржи јавната поддршка за руската инвазија на Украина и за рускиот претседател. Патријархот Кирил јавно го поддржува она што Кремљ сè уште го нарекува „специјална воена операција“. Тој претходно тврдеше дека сите убиени руски војници ќе бидат „измиени“ од гревовите.

Згора на тоа, рускиот патријарх сугерираше дека владеењето на претседателот Путин со Русија е наредено од Бога.

„Бог ве постави на власт за да можете да извршите служба од особено значење и голема одговорност за судбината на земјата и на луѓето што ви се доверени“, рече патријархот Кирил минатиот октомври.

Во оваа смисла, враќањето на иконата на Света Троица би можело да се толкува како награда за лојалноста на Црквата.

Слични содржини