Путин: Наскоро ќе бидат распоредени нови интерконтинентални балистички ракети

од Stefanija Kuzmanovska
349 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска објави дека новата генерација на руски интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, кои можат да носат 10 или повеќе нуклеарни боеви глави, наскоро ќе бидат распоредени на борбено дежурство.

Говорејќи пред новите дипломци на воените академии, Путин ја нагласи важноста на руската „тријада“ на нуклеарни сили што можат да бидат лансирани од копно, море или воздух, пренесува „Ројтерс“.

„Најважната задача овде е развојот на нуклеарната тријада, која е клучна гаранција за руската воена безбедност и глобалната стабилност“, рече тој.

Слични содржини