Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека последните настани во Украина се поврзани со лошо дизајнираната политика на Западот.
„Се што се случува сега, вклучително на наше големо жалење и на Украина, е поврзано со лошо дизајнираната политика на таканаречениот колективен Запад“, рече рускиот лидер на состанокот за ситуацијата во нафтениот сектор, пренесува ТАСС.
Путин рече дека западните земји „со децении ја игнорираа апсолутно легитимната загриженост на Русија за нејзината безбедност и на секој можен начин ги охрабруваат националистичките, неофашистички елементи во раководството на Киев“.