Путин: Не отфрламе мирно решение на конфликтот, но не прифаќаме наметнување

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Русија никогаш не отфрлила мирно решение на конфликтот со Украина, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко и рече дека, дури и да била поканета, Русија нема што да бара на мировна конференција во Швајцарија, бидејќи ниту еден став што не се заснова на реалноста не може да и се наметне на Москва.

„Не ни се јавуваат, туку велат одбиваме, смешно би било да не е толку тажно. Но сакам уште еднаш да нагласам дека сме за, но не во формат на наметнување какви било шеми кои имаат немаat врска со реалноста“, рече Путин.

Додаде дека е невозможно да се постигне мир без учество на Русија во мировните преговори.

„Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите, згора на тоа, бевме склони да го правиме токму тоа“, рече Путин, додавајќи дека руските противници самите себе се ставиле во ќош кога одбија да преговараат, надевајќи се на победа на бојното поле, пренесува РИА Новости.

Посочи дека, доколку е потребно, Русија ќе се сврти кон Белорусија и Лукашенко за да ги продолжи консултациите за мировниот процес.

Слични содржини