Русија ќе се справи со проблемите кои одредени земји се обидуваат да ѝ ги создадат, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
„Денеска ќе се фокусираме на мерките кои ги преземаме и кои мора да ги преземеме за да ги решиме тешкотиите што одредени земји ѝ ги создаваат на Русија“, рече Путин, пренесе ТАСС.
Тој посочи дека тие досега не успеале да направат ништо разумно во однос на остварување на целите што ги поставиле во однос на Русија.