Путин нема да присуствува на самитот на Г-20 во Индија

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на самитот на Г-20 во Индија следниот месец.

Тој ќе биде заменет од министерот за надворешни работи Сергеј Лавов, потврдија од Кабинетот на индискиот премиер Нарендра Моди, пишува „Гардијан“.

Кабинетот на Моди соопшти дека премиерот разговарал со Путин по телефон и „го изразил своето разбирање“ за неговата одлука да не присуствува на самитот од 9 до 10 септември.

Њу Делхи и Москва имаат врски кои датираат од Студената војна, а Русија останува убедливо најголемиот снабдувач на оружје во Индија.

Индија се дистанцираше од експлицитното осудување на Русија поради нејзината инвазија на Украина, и покрај тоа што сака да ги зајакне безбедносните врски со САД.

Моди и Путин разговарале и за „прашања од заеднички интерес“, вклучително и неодамна завршениот самит на БРИКС во Јужна Африка, на кој Путин одлучи да се обрати преку видео врска.

Во март, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин под обвинение за воено злосторство за незаконско депортирање на украински деца. Индија не е потписник на МКС.

Кремљ ги негира обвинувањата, инсистирајќи дека налогот против Путин е „невалиден“.

Слични содржини