Путин: Очекував несакани ефекти по вакцинирањето, чував топломер покрај креветот (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
280 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин во ТВ-емисијата „Русија 1“ откри дека очекувал некои несакани ефекти по вакцинирањето против коронавирусот. Како што рече, тој ставил термометар на ноќната маса за секој случај.

Путин вакцината ја прими на 23 март, а сè помина покрај медиумските камери. Не е откриено која од трите руски вакцини ја примил шефот на руската држава.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потоа изјави дека претседателот се чувствува добро, а самиот Путин најави дека, откако ќе развие антитела, ќе ги прошири агендата и состаноците.

 

Слични содржини