Путин одбил договор постигнат од руските преговарачи со Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Британската агенција „Ројтерс“ денеска објави информација дека главниот руски преговарач за Украина, Дмитри Козак, на почетокот на војната во февруари му рекол на рускиот претседател Владимир Путин дека склучил привремен договор со Киев, кој ќе го задоволи барањето на Москва Украина да остане надвор од НАТО, но дека Путин одбил и продолжил со воената кампања.

Британската агенција наведува, повикувајќи се на три лица блиски до руското раководство, дека пратеникот Дмитри Козак, кој е роден во Украина, му рекол на Путин дека верува оти договорот што го направил ја елиминира потребата Русија да продолжи со голема воена операција против Украина.

Рускиот претседател во неколку наврати пред војната тврдеше дека НАТО и неговата воена инфраструктура се приближуваат до руските граници со прифаќање нови членки од Источна Европа и дека алијансата сега се подготвува да ја прифати и Украина.

Слични содржини