Путин одговори на коментарот на Џонсон дека рускиот лидер никогаш немало да ја нападне Украина доколку бил жена

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот премиер Борис Џонсон неодамна изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не би ја нападнал Украина доколку бил жена, а потоа додаде дека војната во таа земја е „совршен пример за токсичен мачизам“.

„Да беше Путин жена, што очигледно не е, но ако беше, мислам дека немаше да влезе во оваа луда, мачо војна и насилство, како што влезе“, изјави Џонсон за германската телевизија ZDF по самитот на Г7 во Германија.

Откако портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени дека Сигмунд Фројд би бил многу заинтересиран за случајот со Борис Џонсон, се огласи и самиот Путин.

На конференцијата во Туркменистан Путин изјави дека забелешките на Џонсон не се точни и како пример ја наведе самата Велика Британија, односно нивната поранешна премиерка Маргарет Тачер.

„Само сакам да се потсетам на еден настан од поновата историја, кога Маргарет Тачер реши да започне воена операција против Аргентина за Фолкландските Острови. Така, една жена донесе одлука да започне воена акција“, рече Путин.

Слични содржини