Путин откри кога Русија ќе започне да распоредува нуклеарно оружје во Белорусија

од Stefanija Kuzmanovska
365 прегледи

Русија ќе започне со распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија откако складиштата ќе бидат подготвени од 7 до 8 јули, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во разговор со белорускиот претседател Александар Лукашенко во Сочи.

Путин рече дека се се одвива според планот и е стабилно, соопшти Кремљ.

Претходно на 25 мај Путин и Лукашенко се договорија за план за распоредување на руски копнени нуклеарни ракети со краток дострел на територијата на Белорусија, каде што ќе останат под руска команда, потсетува „Ројтерс“.

Слични содржини