Путин откри кој ја финансирал групата Вагнер

од Stefanija Kuzmanovska
842 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Москва целосно ја финансирала паравоената група „Вагнер“, на чело со Евгениј Пригожин.

„Сакам да истакнам и сакам сите да го знаат ова: Целата групација Вагнер беше целосно финансирана од државата. Од министерството за одбрана, од државниот буџет, целосно ја финансиравме оваа групација“, рече Путин.

Според него, од мај 2022 година до мај 2023 година, властите на „Вагнер“ му платиле 86,262 милијарди рубљи (околу една милијарда евра).

„Се надевам дека никој ништо не украл, ќе го расчистиме тоа“, додаде тој.

Слични содржини