Рускиот претседател Владимир Путин и се обрати на јавноста и откако беа подигнати безбедносни мерки низ целата земја откако војниците на групата „Вагнер“ под контрола на Евгениј Пригожин влегоа во Ростов на Дон, по неговото обвинување дека руската армија ги „уништува „неговите борци.
„Ова е еднакво на вооружен бунт, Русија ќе се брани“, рече на почетокот Путин, додавајќи дека Русија се бори за животот и безбедноста на граѓаните на Федерацијата.
„Ова е обид да не нападнат одвнатре, ова е предавство“, рече Путин.
Тој рече дека контрамерките ќе бидат многу тешки.
„Ситуацијата околу Ростов е многу комплицирана. Ние правиме се за да го одбиеме овој напад. Ова е нож во грб за нас. Тие што се побунија ја предадоа Русија и ги повикувам сите вклучени во таа акција да престанат со секое учество во вооружен конфликт“, рече претседателот на Русија.
Путин рече дека е издадена наредба да се неутрализираат сите кои го организирале овој бунт.
„Секој кој свесно тргнал на патот на предавството, кој подготвил вооружен бунт, тргнал по патот на бунтот и терористичките методи, неминовно ќе биде казнет, ќе одговара пред законот и пред нашиот народ. Вооружените сили и другите државни органи ги добија потребните наредби, сега се воведуваат дополнителни антитерористички мерки во Москва, Подмосковскиот регион и низа други региони. Ќе бидат преземени и решителни активности за стабилизирање на ситуацијата во Ростов на Дон. Останува тешко, работата на органите е всушност блокирана од цивилната и воената администрација“, рече Путин.