Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, во настап во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, оцени дека е малку веројатно Владимир Путин да се откаже од војната, која ја гледа како одговор на понижувањето што им го нанесе Западот за време на Студената војна.
Не е точно дека санкциите немаат ефект, имаат. Но, Путин е личност која никогаш не би признала пораз. Тој попрво би умрел“, рече таа.
Бидејќи Украина нема да отстапи ни педа од територијата, а ни Путин нема да отстапи од своите намери, Грабар-Китаровиќ смета дека војната ќе продолжи.
„Најдоброто на што можеме да се надеваме е некаков вид примирје, но прекинот на огнот нема да го спречи Путин да се обиде да ја постигне својата крајна амбиција – да ја преземе цела Украина“, заклучи Колинда.