Путин порача од Астана: „Да се решат итните прашања за безбедноста на храната“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Шестиот самит на Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија се одржува во Астана, Казахстан, каде што пристигна рускиот претседател Владимир Путин. Како што пренесуваат медиумите, Путин рекол дека во глобалната политика се случуваат сериозни промени.

„Светот станува мултиполарен, Азија почнува да игра клучна улога“, рече тој.

Ова е теза која Путин многупати досега ја кажал. Ова е мислењето и на Александар Дугин, клучниот идеолошки соработник на Путин, кој еднаш дури рече дека „Србите го разбудија мултиполарниот свет, ја разбудија Русија, ја разбудија Кина“.

Во Казахстан, Путин предупреди и на опасност од глад и големи општествени потреси, особено во најсиромашните земји.

Според РИА Новости, тој повика на елиминација на сите вештачки и нелегитимни пречки за обновување на глобалната трговија.

„Повикуваме на отстранување на сите вештачки нелегитимни бариери кои го попречуваат обновувањето на нормалното функционирање на глобалните синџири на снабдување со цел да се решат итните прашања за безбедноста на храната“, рече тој.

Путин во Астана пристигна ноќта меѓу 12 и 13 октомври, а утре, според медиумите, ќе учествува на состанокот на Советот на шефови на држави на ЗНД и на самитот Русија-Централна Азија. Тој, исто така, има закажани неколку билатерални и трилатерални средби, вклучително и со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Во јули во Истанбул беа потпишани два меѓусебно поврзани документа за да се реши проблемот со снабдување на светските пазари со храна и ѓубрива. Првиот, меморандумот, ја презема обврската на ОН да ги отстранат различните ограничувања за извозот на руски земјоделски производи и ѓубрива на светските пазари.

Вториот дефинира алгоритам за извоз на украински земјоделски производи од црноморските пристаништа контролирани од Украина

Слични содржини